0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Тејтум стана најмладиот играч во историјата на Бостон кој постигнал над 50 поени на еден натпревар

Кошаркарот на Бостон, Џејсон Тејтум ноќеска постави клупски рекорд на натпревар од регуларниот дел од сезоната против Минесота.

Бостон, 10 април 2021 (МИА) – Кошаркарот на Бостон, Џејсон Тејтум ноќеска постави клупски рекорд на натпревар од регуларниот дел од сезоната против Минесота.

Селтикс победија по продолжение со 145:136.

Кошаркарот средбата ја заврши со 53. Дваесет и тригодишниот Американец е најмладиот играч во историјата на Бостон кој постигнал 50 или повеќе поени на еден меч.

Воедно, Тејтум постави личен рекорд во својата кариера.

Во сезоната 2020/21, тој има просек од 25,1 поен, 7,0 скока и 4,3 асистенции по натпревар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close