БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Таткото на британскиот премиер Џонсон, преку Бугарија стигнал во Грција

До 15 јули 2020 година важи забраната за директни летови од Велика Британија во Грција, но се чини дека тоа не го спречи таткото на бритнскиот премиер Борис Џонсон, 80 годишниот Стенли Џонсон да најде начин да слета во Грција и да замине во неговата вила во Пилио во близина на градот Волос, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 2 јули 2020 (МИА) – До 15 јули 2020 година важи забраната за директни летови од Велика Британија во Грција, но се чини дека тоа не го спречи таткото на бритнскиот премиер Борис Џонсон, 80 годишниот Стенли Џонсон да најде начин да слета во Грција и да замине во неговата вила во Пилио во близина на градот Волос, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми Џонсон патувал преку Бугарија и со лет од Софија стигнал во Атина.

Секако за неговот патување, односно за пристигнувањето во Атина, Џонсон не испушти да ги информира неговите следачи на Инстаграм, објавувајќи две видеа од слетувањето.

Прашан за конкретната тема, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека забраната важи за директни летови, а не за државјани, кои преку друга земја дошле во Грција.

-Во однос на можноста европски државјани да дојдат во Грција, забранивме директни летови до 15 јули од Велика Британија. Ако државјанин на овие земји пристигне во Грција преку друг пат, нормално дека може да дојде, рече Пецас.

Медиумите во Грција пишуваат дека Стенли Џонсон има вила во приморското место Пилио во централниот дел на земјата, во близина на градот Волос.ср/зш/

Back to top button
Close
Close