0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоХроникаХроника.Портал

Татко и малолетна ќерка повредени во верижниот судир на автопатот Велес – Скопје, сообраќајот уште во прекин

Во верижниот судир што се случи утрово околу осум часот меѓу шест возила кај Пуста Кула на автопатот Велес - Скопје, три лица се повредени, од кои две се однесени во велешката Општа болница, а едно е пренесено во Скопје.

Велес, 16 јануари 2020 (МИА) – Во верижниот судир што се случи утрово околу осум часот меѓу шест возила кај Пуста Кула на автопатот Велес – Скопје, три лица се повредени, од кои две се однесени во велешката Општа болница, а едно е пренесено во Скопје.

Поради несреќата, сообраќајот е сè уште во прекин, информираат за МИА од СВР Велес. Велат и дека увидот трае, но наскоро се очекува нормализирање на сообраќајот.

Во велешката болница, според д-р Љупчо Леов, се примени татко и десетгодишна ќерка од Кавадарци, кои се со полесни телесни повреди и нагмечувања по телото.

Полицијата ги утврдува причините поради кои дошло до несреќата. ад/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close