Дописници МКДКултураОпштински вести

„Танц со зборовите” во Крива Паланка, доделени награди на најредовните читатели

Во градската библиотека „Кочо Рацин" во рамки на Центарот за култура во Крива Паланка синоќа се одржа втората поетска манифестација „Танц со зборовите" на која настапија членовите на литературниот клуб „Калин", а беа доделени и награди и благодарници за најредовните читатели.

Крива Паланка, 24 јануари 2020 (МИА) – Во градската библиотека „Кочо Рацин” во рамки на Центарот за култура во Крива Паланка синоќа се одржа втората поетска манифестација „Танц со зборовите” на која настапија членовите на литературниот клуб „Калин”, а беа доделени и награди и благодарници за најредовните читатели.

-Ова е настан со кој редовно ја отвораме годишната програма за библиотечната дејност на нашата установа. Ова е начин и да се промовираат и доближат до публиката книжевноста, пишаниот збор, творештвото на локалните автори, да се претстават нашите литературни дејци и да се оддаде признание на важноста на негување на јазикот. Горда сум на сите членови на клубот „Калин” кој една година по возобновувањето може да се вброи во еден од најактивните во државата, со над дваесетина организирани настани, поетски манифестации, литературни читања, промоции на книги, авторски дела, учества на нашите членови на поетски манифестации во земјава и соседството, застапеност на нивни песни во заеднички книги и алманаси, , изјави директорката на НУ Центар за култура Крива Паланка, Мира Ѓоргиевска.

Од 2019-та, додаде, востановени се и награди за најредовните читатели, како и за најмладиот читател, бидејќи клубот не е само творечки, туку и читателски.

-Во оваа пригода ги поканувам младите да го посетуваат почесто и да другаруваат што повеќе со книгата, рече директорката.

Вкупно дванаесет поетеси од „Калин” се претставија со по две авторски дела и најавија нови што се очекува да излезат од печат годинава.

За читатели на годината беа прогласени Олгица Ангеловска, Стоимен Марков и Магдалена Костадиновска, а награда и благодарница му беше доделена на најмладиот читател со најголем број изнајмени книги во 2019 година, Горјан Стефановски. ид/мч/

Back to top button
Close
Close