СветСвет.Портал

Талибанците предупредуваат дека без ослободување затвореници нема преговори

Талибанците денеска предупредија дека нема да учествуваат во внатрешните разговори во Авганистан сè додека Владата не ги ослободи нивните пет илјади затвореници.

Кабул, 2 март 2020 (МИА) – Талибанците денеска предупредија дека нема да учествуваат во внатрешните разговори во Авганистан сè додека Владата не ги ослободи нивните пет илјади затвореници.

– Подготвени сме за внатрешни авганистански преговори, но чекаме да бидат ослободени нашите 5.000 затвореници. Доколку не бидат ослободени, нема да има преговори, изјави портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид.

Ова барање може да биде главна потенцијална пречка за прекин на војната, оценуваат светските агенции.

Според договорот меѓу САД и талибанците, двете страни се согласија да работат на ослободување на воените затвореници и на политичките затвореници, како и за градење меѓусебна доверба.

Договорот предвидува 5.000 талибански затвореници до 10 март да бидат разменети за 1.000 припадници на авганистанските сили.

Забихулах рече дека повеќето од тие 5.000 затвореници биле заробени од американската војска и оти се наоѓаат во затвори на авганистанската Влада.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој не учествуваше во разговорите, го одбива ова барање. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close