Svet.SlajderСветСвет.Портал

Талибанците не го прифатија предлогот на авганистанската Влада за постепено ослободување затвореници

Талибанците го одбија предлогот на авганистанскиот претседател Ашраф Гани за ослободување на само 1500 затвореници, во првата фаза, согласно мировниот договор.

Кабул, 11 март 2020 (МИА) –  Талибанците го одбија предлогот на авганистанскиот претседател Ашраф Гани за ослободување на само 1500 затвореници, во првата фаза, согласно мировниот договор.

Талибанците нагласуваат дека нивно барање е да бидат ослободени најмалку 5.000 затвореници.

Авганистанската Влада претходно соопшти дека постепено ќе ослободи 5.000 талибански затвореници ако има „значително“ намалување на насилството во земјата.

– Помилувањето и првото ослободување на 1.500 талибански затвореници започнува в сабота и по околу 100 талибанци ќе бидат ослободени секој ден, рече претставник на Владата.

Ослободувањето талибански затвореници е дел од историскиот мировен договор меѓу талибанците и САД.

Советот за безбедност на Обединети нации синоќа усвои резолуција со која го поддржува Мировниот договор со Талибанците, чија цел е воспоставување мир во Авганистан.

СБ едногласно ја изгласа резолуцијата, предложена од САД, во која се „поздравуваат значителните чекори кон завршување на војната и отворање на вратата за преговори во Авганистан“.

Мировниот договор е потпишан помеѓу Вашингтон и Талибанците во февруари во Катар.
САД по потпишување на Договорот почна да ги повлекува војниците од Авганистан. Вашингтон планира да ги повлече сите војници од Авганистан во рок од 14 месеци под услов Талибанците да ги почитуваат преземените обврски од Договорот. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close