Дописници МКДОпштински вести

Таксите за фирмарина во Гевгелија остануваат намалени

Советот на општина Гевгелија, имајќи предвид дека пандемијата од Ковид-19 сеуште трае, одлучи до крајот на годината да ја продолжи важноста на одлуката за намалување на таксите за фирмарина. Како дел од општинскиот пакет мерки за ублажување на последиците од корона вирусот, одлуката беше донесена при крајот на мај минатата година, а сега нејзината важност останува на сила најмалку до крајот на годинава.

Гевгелија, 3 февруари 2021 (МИА) – Советот на општина Гевгелија, имајќи предвид дека пандемијата од Ковид-19 сеуште трае, одлучи до крајот на годината да ја продолжи важноста на одлуката за намалување на таксите за фирмарина.

Како дел од општинскиот пакет мерки за ублажување на последиците од корона вирусот, одлуката беше донесена при крајот на мај минатата година, а сега нејзината важност останува на сила најмалку до крајот на годинава.

– Според одлуката, физичките лица кои вршат дејност, за фирмарина наместо по 2000 ќе продолжат да плаќаат по 1300 денари, физичките лица кои данокот го плаќаат во паушален износ наместо 500 ќе плаќаат по 350 денари месечно, а деловните простории на трговските друштва и други правни лица до крајот на годината ќе плаќаат фирмарина по 4000 наместо поранешните 6000 денари, велат од општината.

Со продолжување на важноста на одлуката до 31 декември, од општината посочуваат дека сакаат да им помогнат на стопанските субјекти да имаат помали трошоци за време на здравствената криза. им/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close