Дописници МКДОпштински вести

Такси превозниците од Струмица бараат од Општината подобрување на условите за работа

Такси-превозници од Струмица организирани во Здужението „Струмица такси“ денеска на Локалниот совет за безбедност и превенција побараа од Општината и надлежните државни органи подобрување на условите за работа, како и поголема контрола на нелегалните таксисти.

Струмица, 22 април 2021 (МИА) – Такси-превозници од Струмица организирани во Здужението „Струмица такси“ денеска на Локалниот совет за безбедност и превенција побараа од Општината и надлежните државни органи подобрување на условите за работа, како и поголема контрола на нелегалните таксисти.

Според Борче Манчев, претседател на „Струмица такси“, средбата била организирана на нивно барање, а биле разгледани повеќе проблеми со кои тие се соочуваат во секојдневното работење.

-Ние реагиравме за обележување на местата на такси превозот, кои најчесто се узурпирани од приватни возила. Покрај тоа, го истакнавме проблемот со нелегалните такси превозници, а поднесовме и барање за зголемување на цената на превозот до 2 километри од 50 на 60 денари, цена која подолго време се наплаќа од нашата страна, но бараме од страна на Советот на општина Струмица да биде официјализирана, рече Манчев.

Според таксистите, често се случува нивните места да ги заземат нелегалните таксисти и на локации во центарот на градот не можат да се паркираат и затоа заработуваат казни за погрешно паркирање. Тие побараа зголемување на бројот на паркинг местата за таксистите, но и поголема контрола од полицијата и сообраќајните инспектори.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој претседава со Локалниот совет за безбедност и превенција, истакна дека на ова тело треба да се разгледуваат и решаваат сите проблеми, па и тие на таксистите.

-Разговаравме за практични теми и тие што се решливи на општинско ниво ќе се обидеме во најкраток можен рок да ги решиме, а другите ќе ги проследиме во надлежните државни органи за да дадеме сигнал за да се извршат корекции во одредени законски решенија, рече градоначалникот Јаневски.

На денешната седница на Локаниот совет за безбедност и превенција присустуваа претставници на СВР Струмица, овластениот општински сообраќаен инспектор и преставник од ЈП „Паркиралишта “ Струмица. рт/скс/

Back to top button
Close
Close