Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Тачи повторно побара од Курти име на мандатар за идната влада на Косово

 Претседателот на Косово Хашим Тачи му се обрати денеска на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) и вршител на должноста премиер, Албин Курти, со барање да го предложи новиот кандидат или кандидатка за премиер, откако на 25 март Собранието му изгласа недоверба на неговиот кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 10 април 2020 (МИА) – Претседателот на Косово Хашим Тачи му се обрати денеска на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) и вршител на должноста премиер, Албин Курти, со барање да го предложи новиот кандидат или кандидатка за премиер, откако на 25 март Собранието му изгласа недоверба на неговиот кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното писмо, второ по она од 2 април, Тачи го „потсетува“ Курти дека, согласно Уставот и соодветните законски акти, ВВ како партија која победи на изборите од 6 октомври 2019 година, „има право да предложи кандидат/ка за формирање на Владата“.

Претседателот на државата наведува дека, по изгласувањето недоверба на Владата на Курти, извршил консултации со сите парламентарни политички партии, со цел да оцени дали е во нивен интерес формирање на нова влада, или пак распуштање на Собранието.

– Во тој правец (…) ви ја дадов можноста како Движење Самоопределување да предложите кадидат/ка за премиер. Граѓаните на Косово и политичките партии претставени во Собранието со право чекаат функционализирање на новата Влада и очекуваат од мене да го декретирам предложениот кандидат/кандидатка за премиер, се вели во писмото на Тачи.

Тој напоменува дека неговиот уставен мандат го обврзува да го гарантира „демократското функционирање на институциите на Република Косово, вклучително обезбедувањето на именувањето на кандидат или кандидатка за премиер за формирање на Владата на Република Косово“.

– Како претседател јас ќе го преземам ова дејство, следејќи ги уставните чекори, со цел граѓаните на Република Косово што поскоро да имаат нова Влада, му напиша Тачи на Курти.

Одговарајќи на првото писмо на Тачи, од 2 април, Курти порача дека негов приоритет моментно е борбата против епидемијата на Ковид-19, додека за формирање на нова влада, според негово толкување на Уставот, потребно е да се оди на нови парламентарни избори, кои би се одржале по надминувањето на здравствената криза.иа/сд/

Back to top button
Close
Close