БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Тачи: Одлуката на Меѓународниот суд за правда – најголема меѓународна победа на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по повод деветтата годишнина од пресудата на Меѓународнит суд за правда (МСП) дека независноста на Косово е легитимна и правична, оцени дека таа одлука е најголемата меѓународна победа на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 22 јули 2019 (МИА) – Косовскиот претседател Хашим Тачи, по повод деветтата годишнина од пресудата на Меѓународнит суд за правда (МСП) дека независноста на Косово е легитимна и правична, оцени дека таа одлука е најголемата меѓународна победа на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи на својата страница на Фејсбук напиша дека одлуката на МСП „го трасира патот на Косово за зачленување во НАТО, Европската унија и Обединетите нации“.

– Се навршија девет години од одлуката на Меѓународнит суд за правда, со која се потврди нашето право за прогласување независност на Косово. Тоа беше најголемата меѓународна победа на Република Косово, која го отвори патот на јакнењето на меѓународниот субјективитет и засекогаш го запечати нашето право на самоопределување. Таа одлука го трасира патот на Косово за зачленување во НАТО, Европската унија и Обединетите нации, напиша Тачи. иа/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close