БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Тачи: Никој нема да ги амнестира геноцидот и злосторствата на Србија во Косово

Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска изјави дека „нема таков фактор кој ќе може да ги амнестира злосторствата против човештвото и геноцидот на Србија во Косово“ во војната од 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 28 април 2020 (МИА) – Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска изјави дека „нема таков фактор кој ќе може да ги амнестира злосторствата против човештвото и геноцидот на Србија во Косово“ во војната од 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешното чествување кај споменикот „Хероини“ во центарот на Приштина, Тачи изјави дека косовските граѓани деновиве повторно ги преживуваат страотиите од последната војна во Косово.

– Како држава и како општество, како албански народ на Косово и како нација ги преживуваме деновите, неделите и месеците на геноцидот на Србија извршен во Косово, потврден и признаен од светот. Го преживуваме периодот на масовниот прогон на еден милион косовски Албанци и убиството на 10 илјади граѓани, 400 масакри извршени од државата Србија, убиството на 1.300 албански деца, изјави Тачи.

Тој посебно ја нагласи, како што рече, сестраната улога и придонесот на жената Албанка во борбата за слобода и независност на Косово.

– Почестите кои ги оддаваме денеска се за жената Албанка, за нашите хероини, кои дадоа сé за независноста за Косово, за нивниот невиден хероизам во регионот и светот. Се сеќаваме на силувањето на над 20 илјади жени од српската држава. И денеска ова чествување е државно сеќавање на силувањата кои ги изврши државата Србија и оддавање признание за достоинството и гордоста на албанските хероини во борбата за слобода и независност, изјави Тачи.

Косовскиот претседател изрази жалење што се уште нема, како што рече, „ниту локална ниту меѓународна правда за злосторствата и геноцидот“.

– Овoј меѓународен молк е молк кој на еден или друг начин го амнeстира геноцидот и етничкото чистење од страна на Србија во Косово. Меѓутоа нема такво време и нема да има таков фактор кој ќе може да ги амнестира злосторствата против човештвото и геноцидот на Србија во Косово. Нема мир без правда, порача Тачи. иа/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close