БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Тачи му се заблагодари на Пленковиќ затоа што го одржува Балканот во агендата на ЕУ

Косовскиот претседател Хашим Тачи разговараше денеска по телефон со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, во пресрет на Загребскиот самит меѓу членките на Европската унија и земјите од Западен Балкан, што попладнево ќе се одржи преку видео-конференциска врска, јави дописникот на МИА од Приштина

Приштина, 6 мај 2020 (МИА) – Косовскиот претседател Хашим Тачи разговараше денеска по телефон со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, во пресрет на Загребскиот самит меѓу членките на Европската унија и земјите од Западен Балкан, што попладнево ќе се одржи преку видео-конференциска врска, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти кабинетот на Тачи, тој изразил благодарност за решителноста на Хрватска да се одржи Самитот и да го одржи Балканот високо во агендата на ЕУ.

– Благодарни сме што инсистиравте Самитот да се одржи и во овие услови и што го одржувате Западен Балкан високо во агендата на ЕУ. Косово и Хрватска се стратешки партнери во регионот и во европската перспекива, се цитира Тачи во соопштението по разговорот со Пленковиќ.

На денешниот состанок во организација на Хрватска, како претседавач со ЕУ во првата половина од годинава, ќе учествуваат шефови на држави или влади на земјите членки на ЕУ и на шесте западнобалкански држави – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе претседава со состанокот и заедно со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ќе ја претставуваат ЕУ. иа/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close