БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Тачи иницира создавање механизми кои ќе се грижат за ЛГБТИК заедницата во Косово

Претседателот на Косово Хашим Тачи, по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, 17 мај, ги повика институциите во земјата да продолжат да работат на обезбедување еднакви права за сите, јави дописникот на МИА од Приштина

Приштина, 17 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Косово Хашим Тачи, по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, 17 мај, ги повика институциите во земјата да продолжат да работат на обезбедување еднакви права за сите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на својата страница на Фејсбук, со „хаштаг“ ИДАХОБИТ2020Косова, Тачи ја пренесе пораката дека „сеопфатно, праведно и општество кое почитува е она во кое сите ние гледаме преку сексуалната ориентација или родовиот идентитет“.

– Нашата земја, нашите институции треба да продолжат да работат на обезбедувањето еднакви права за сите. Како претседател на Косово веќе иницирав создавање нови институционални механизми во рамките на Претседателската канцеларија за адресирање на прашањата на ЛГБТИК заедницата во Косово, напиша Тачи. иа/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close