БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Тачи: Единството на Албанците од Прешевската Долина даде резултати

Во објава на својата страница на Фејсбук, Тачи порача дека примерот на единство на албанските партии од јужна Србија треба да го следат и Албанците во другите земји во кои живеат.

Приштина, 22 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Косово Хашим Тачи го поздрави резултатот што на вчерашните парламентарни избори во Србија го постигнаа партиите на Албанците од Прешевската Долина, кои се обединија во коалицијата насловена Албанска демократска алтернатива, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Тачи порача дека примерот на единство на албанските партии од јужна Србија треба да го следат и Албанците во другите земји во кои живеат.

– Обединувањето на Албанците во Прешевската Долина даде резултат. Тие сега ќе имаат повеќе пратеници кои ќе го кренат гласот за правата на тамошните Албанци. Усогласувањето на политичките дејства секогаш дава резултати и Албанската демократска алтернатива е добар пример кој треба да се следи од нашите сонародници секаде каде што тие живеат, напиша Тачи.

Според косовките медиуми, Албанците од Прешево, Медвеѓе и Бујановац во новиот српски Парламент ќе имаат тројца или четворица пратеници, додека во минатото не успевале да добијат повеќе од едно место. иа/

Back to top button
Close
Close