БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Тачи бара собраниска седница попладнево за да реферира за посетата на Вашингтон

Претседателот на Косово Хашим Тачи ѝ се обрати на претседателката на Собранието Вјоса Османи, со писмо во кое бара да свика пленарна седница за денеска во 16 часот, со цел да им се обрати на пратениците, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 4 март 2020 (МИА) – Претседателот на Косово Хашим Тачи ѝ се обрати на претседателката на Собранието Вјоса Османи, со писмо во кое бара да свика пленарна седница за денеска во 16 часот, со цел да им се обрати на пратениците, јави дописникот на МИА од Приштина.

Денешното писмо на Тачи уследи по вчерашното барање од страна на секретарот на неговиот кабинет до секретарот на Собранието на Косово, во кое се бара од Собранието да организира седница на која Тачи ќе ги информира пратениците за неговите средби за време на последната неколкудневна посета на Вашингтон.

Во барањето упатено до Османи, косовскиот претседател се повикува на одредбата од Уставот која му дава право да им се обрати на пратениците.

Од Собранието досега нема најава за свикување седница во текот на денешниот ден.

Тачи се врати од Вашингтон вчера, а еден ден претходно таму се сретна и разговараше и со неговиот српски колега Александар Вучиќ. На средбата присуствуваа и советникот за национална безбедност Роберт Ц. О‘Брајан и специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот Приштина – Белград, амбасадорот Ричард Гренел. иа/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close