БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Тачи бара итен одгвор од Курти дали ќе биде мандатар за формирање на владата

Претседателот на Косово Хашим Тачи му се обрати на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти со ново писмо, во кое бара во најкраток рок да го информира кој ќе биде мандатарот од неговата партија, како победничка на октомврските парламентарни избори, за формирање на новата влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина

Приштина, 10 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на Косово Хашим Тачи му се обрати на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти со ново писмо, во кое бара во најкраток рок да го информира кој ќе биде мандатарот од неговата партија, како победничка на октомврските парламентарни избори, за формирање на новата влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Забележувајќи му за доцнењето во процедурите, Тачи го прашува Курти дали ја одбива неговата понуда за именување мандатар, за да може да го додели мандатот на друга партија, согласно уставните и законските одредби.

– Како претседател на Република Косово обврзан сум да преземам без доцнење натамошни дејствија, следејќи ги сите уставни чекори со цел граѓаните на Република Косово да ја добијат што поскоро својата влада. Имајќи ги предвид демократските принципи, транспарентноста и политичката коректност, ви ја дадов можноста и постојано барав од вас да предложите кандидат/ка за премиер, се вели во писмото на Тачи, во кое се напоменува дека, согласно законите, „не е исклучено една партија или коалиција да одбие да го прими мандатот“. иа/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close