БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Тачи: Јас и народот на Косово најголема доверба имаме во САД

Косовскиот претседател Хашим Тачи, за албанските медиуми изјави дека тој и народот на Косово имаат целосна и најголема доверба во САД .

Тирана, 13 јуни 2020 (МИА) – Косовскиот претседател Хашим Тачи, за албанските медиуми изјави дека тој и народот на Косово имаат целосна и најголема доверба во САД .

– Она што САД го ветиле за Косово секогаш го реализирале, слободата, независноста, членство на Косово во околу 200 меѓународни организации, признавање од страна на 115 држави, така што немам дилема или скептицизам во однос на Соединетите држави. Тоа е целосна доверба од мене и народот на Косово. Не знам кому да верувам, ако не верувам во Америка, изјави Тачи.

Тој се осврна и на средба која ја имал со српскиот претседател Александар Вучиќ во Вашинготн во почетокот на месец март.

– Бевме поканети од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, конкретно од амбасадорот Гренел. На средбата, на почетокот на март, присуствуваа и советникот за национална безбедност и други официјални претставници на американската администрација. Присуствувавме како претседател на Косово и претседател на Србија. На таа средба ја покажавме и докажавме волјата да го продолжиме дијалогот со водечката улога на Соединетите држави бидејќи тоа ја зголемува надежта и довербата во мене и народот на Косово и институциите на Косово. Секогаш кога сме оделе во Брисел, сме барале САД да бидат на преговарачката маса, но Србија секогаш се закануваше дека ако САД бидат на маса, ќе биде вклучена и Русија. Првпат на Србија и беше наметнато да ја прифати улогата на Соединетите држави како водечка улога. Ова во голема мерка ја зголемува нашата самодоверба дека овој процес ќе успее, рече Тачи.

Во интервју за Ора њуз тој изрази увереност дека со посредство на САД дијалогот со Србија ќе заврши со взаемно признавање. Најави дека нема намера да се кандидира повторно за претседател и оти по завршување на мандатот ќе се повлече од политиката.

Коментирајќи ги одредени објавени мапи (карти) со нови граници на Косово, тој вели дека сето тоа е лага, а во врска со Прешевската долина (јужниот дел на Србија) вели дека е оптимист дека Прешево, Бујановац и Медвеѓе ќе се соединат кон Косово, но оти „територијалниот интегритет на Република Косово е недопирлив во однос на Србија“.

Тачи пред три дена кусо престојувал во Тирана, што е негова втора посета во рок од неколку дена. За време на првата, се сретна со неговиот албански колега Илир Мета и со премиерот Еди Рама, а сега со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша. вт/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close