0_Македонија.ПорталГраѓански секторОпштество

Таблети за ученици Роми вклучени во основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид” во Шуто Оризари

Во рамки на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ денеска се додели помош за 93 ученици Роми од второ и трето одделение кои се дел од програмата за туторска поддршка во Шуто Оризари. Обезбедени се 93 таблети и интернет ваучери од 10 ГБ за 93 ученици кои не беа во можност да следат онлајн настава.

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Во рамки на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ денеска се додели помош за 93 ученици Роми од второ и трето одделение кои се дел од програмата за туторска поддршка во Шуто Оризари. Обезбедени се 93 таблети и интернет ваучери од 10 ГБ за 93 ученици кои не беа во можност да следат онлајн настава.

Покрај ова, исто така беа додеделни и 77 таблети со интерент ваучери и во општините Гостивар и Тетово за учениците Роми вклучени во прво, второ и трето одделение, а се дел од програмата за туторска поддршка во рамките на проектот.

Со оваа акција се доделија вкупно 170 таблети со интернет ваучери.

Дополонително во рамките на проектот се поделија вкупно 420 пакети со прехрамбени и хигиенски продукти на 210 деца кои се вклучени во предучилишно образование во Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.

Целата помош е поделена во координација и со поддршка од општините, основните училишта и градинките во таргетираните општини.

Целта на оваа помош е да се помогне на децата и учениците Роми успешно да продолжат со образовниот процес, како и да се намалат последиците врз нивното образование поради ситуацијата со Ковид-19.

Со поддршка од проектот, учениците ќе продолжат со онлајн настава и во текот на летниот распуст се со цел да им се помогне да ја надополнат пропуштената настава поради пандемијата, и да се подготват за новата учебна година.

Оваа помош е обезбедена со проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“, финансиран од ЕУ и Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта. Проектот го имплементираат Ромскиот ресурсен центар од Скопје во партнерство со Сонце од Тетово, а е менаџиран од Ромскиот едукативен фонд.

Овој проект е дел од програмата „Зголемени образовни можности за ученици Роми и млади Роми во земјите од Западен Балкан и Турција“ (RARE). ев/сп/

Back to top button
Close
Close