Svet.SlajderСветСвет.Портал

Тајван: Шефот на ГШ загина во хеликоптерска несреќа

Во несреќата, според воено соопштение загинале вкупно осум лица.

Tajpej, 2 јануари 2020 (МИА) – Командантот на генералниот штаб на Тајван, генералот на воздухопловните сили, Шен Jи Минг, загина кога хеликоптер со 12 други лица принудно слетал денеска во планинска област околу главниот град.

Во несреќата, според воено соопштение загинале вкупно осум лица. Министерството за одбрана порано соопшти дека Шен е еден од трите исчезнати лица.

Генералниот инспектор на командата на воздухопловните сили, генерал мајор Хуанг Чи Веи на прес-конференција изјави дека хеликоптерот бил на пат кон областа Јилан, на источниот брег на островот и загубил контакт со контролата на летот од непознати причини.

Според него, временските услови најверојатно нема да бидат причина за несреќата, бидејќи пилотот за време на неговиот последен контакт нагласил дека видливоста е добра. Тајван купи 60 хеликоптери UH-60M Блекхок од САД. зш/

Back to top button
Close
Close