0_Спорт.ПорталФудбал

Тајмс: Велика Британија и Холандија не обезбедија гаранции кај УЕФА за одржување на натпревари од ЕП во 2021 година

Европската фудбалска асоцијација го одложи состанокот на извршниот комитет затоа што не доби гаранции од лондонските власти дека градот е подготвен да биде домаќин на натпреварите на Европското првенство на стадионот „Вембли“ во 2021 година, пренесува „Тајмс“.

Лондон, 20 мај 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација го одложи состанокот на извршниот комитет затоа што не доби гаранции од лондонските власти дека градот е подготвен да биде домаќин на натпреварите на Европското првенство на стадионот „Вембли“ во 2021 година, пренесува „Тајмс“.

Слична е ситуацијата со Амстердам.

Во март, УЕФА одлучи да го одложи Европското првенство за 2021 година поради пандемијата на коронавирус.

Ова е прво Европско првенство, кое нема да се одржи на територијата на една или две соседни земји. Планирано е натпреварите да се играат во Баку, Лондон, Будимпешта, Минхен, Копенхаген, Даблин, Билбао, Рим, Амстердам, Санкт Петербург, Букурешт и Глазгов. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close