0_Македонија.ПорталОпштество

СЗПМ: Пензионерите да носат маски и да одржуваат физичка дистанца

Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија (СЗПМ) ги поздравува мерките на Владата за слободно движење на сите граѓани, вклучувајќи го и бесплатниот автобуски превоз за корисниците на пензија.

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија (СЗПМ) ги поздравува мерките на Владата за слободно движење на сите граѓани, вклучувајќи го и бесплатниот автобуски превоз за корисниците на пензија.

– Се апелира до пензионерите доследно да ги почитуваат мерките за носење маски и одржување на социјална, односно физичка дистанца, а автобускиот превоз да го користат само во случаи кога тоа е неопходно потребно. Се упатува апел и до сите приватни и државни субјекти (банки,пошти, маркети и др. ) предност да се дава на пензиoнерите бидејќи тие се ризична целна група каде степенот на превенцијата треба да биде на повисоко ниво, се вели во соопштението од Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија.

Пензионерите и понатаму, со право, како што се наведува, очекуваат дека ќе бидат опфатени со мерките на Владата предвидени во третиот пакет. мд/лв/

Back to top button
Close
Close