ЕвропаЕвропа.Портал

СЗО за Европа и ЕК се договорија да ја зајакнат соработката

Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа и Европската комисија се договорија да го зајакнат партнерството и да го прилагодат на новите здравствени приоритети и предизвици.

Копенхаген, 15 септември 2020 (МИА) – Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа и Европската комисија се договорија да го зајакнат партнерството и да го прилагодат на новите здравствени приоритети и предизвици.

Според соопштението од годишното заседание на Регионалниот комитет на СЗО за Европа, договорено е поблиско партнерство во пет приоритетни области од заеднички интерес.

Овие приоритети вклучуваат безбедност од заканите по здравството, ефикасни, достапни, одржливи и иновативни здравствени системи, сеопфатен одговор на незаразните болести, пред сè ракот, одржливи системи за храна и здравје, како и здравствена соработка со земји од европскиот регион кои не се членки на СЗО.

Во наредните месеци ќе биде развиен и конкретен план за проекти и чекори за соработката, се додава во соопштението. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close