СветСвет.Портал

СЗО: Во Африка се заразени повеќе од 84.000 лица со Ковид-19

Во земјите во Африка, 84.183 лица се заразени со новиот коронавирус, а починати се 2.739 лица, соопшти денеска огранокот на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка.

Преторија, 18 мај 2020 (МИА) – Во земјите во Африка, 84.183 лица се заразени со новиот коронавирус, а починати се 2.739 лица, соопшти денеска огранокот на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка.

Најголем број случаи се регистрирани во Јужна Африка, 15.515 лица, а 264 лица починале од Ковид-19 во таа земја.

Највисок број на смртни случаи се регистрирани во Египет, 612 лица, а 11.719 луѓе во земјата биле заразени со новиот коронавирус. Алжир пријави 548 смртни случаи и 7.019 заразени лица, а Мароко 6.798 заразени лица и 192 смртни случаи, а Судан има 2.289 заразени лица и 97 смртни случаи. Во Нигерија се регистрирани 5.959 заразени лица, а 182 лица починале поради Ковид-19.

Вкупниот број на излекувани лица од новиот коронавирус во Африка е 32.494. ки/ссм/

Back to top button
Close
Close