Svet.SlajderСветСвет.Портал

СЗО: Вирусот најверојатно потекнува од лилјаците

Тимот на Светска здравствена организација, која го истражува потеклото на Ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно домаќин како посредник

Женева, 4 август 2020 (МИА) – Тимот на Светска здравствена организација, која го истражува потеклото на Ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно домаќин како посредник.

– Тимот имаше опширни разговори со кинеските колeги и доби информации за епидемиолошките студии, биолошките и генетските анализи и ветеринарни истражувања, исјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.

Тој додаде дека имало и видео-разговори со виролозите и научниците од Вухан.

Претставникот на СЗО, Мајк Рајан вчера истакна дека се можни изненадувања.

– Фактот дека алармот се запали во Вухан не значи дека заразата преминала од животно на човек, посочи Рајан. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close