Svet.SlajderСветСвет.Портал

СЗО соработува со Кина на одобрување на кинеска вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) соработува со Кина во врска со барањата за меѓународно одобрување на каква било кинеска вакцина за Ковид-19, изјави денеска помошничката генерален директор Маријангела Симао на брифинг во Женева.

Женева, 7 септември 2020 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) соработува со Кина во врска со барањата за меѓународно одобрување на каква било кинеска вакцина за Ковид-19, изјави денеска помошничката генерален директор Маријангела Симао на брифинг во Женева.

– Канцеларијата на СЗО во Кина и седиштето на СЗО работат со регулаторните тела во Кина, рече Симао. – Ние сме во директен контакт, споделивме информации и барања за меѓународно одобрување на вакцините, посочи таа.

Извршниот директор на Синовак Биотек ДОО вчера изјави дека околу 90 проценти од вработените во кинеската компанија и нивните семејства ја примиле експерименталната вакцина што таа ја развила во рамките на државната програма за итна употреба. ссм/

Back to top button
Close
Close