0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

СЗО: Следната недела во светот ќе има над 10 милиони заразени со коронавирус

Во првиот месец од епидемијата беа пријавени помалку од 10.000 случаи, а во последниот месец речиси четири милиони.

Женева, 24 јуни 2020 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) очекува бројот на заразени со коронавирус во светот веќе следната недела да достигне 10 милиони.

-Досега во СЗО се пријавени повеќе од 9,1 милиони случаи на инфицирани и повеќе од 470.000 смртни случаи, изјави денеска директорот на СЗО, Тедрос Аданом Геберејсус, пред новинарите во Женева.

Во првиот месец од епидемијата беа пријавени помалку од 10.000 случаи, а во последниот месец речиси четири милиони.

-Очекуваме следната недела  вкупниот број на случаи да достигне 10 милиони, предупреди Тедрос.

Тој повтори дека секој има одговорност да направи се што може за да го спречи ширењето на вирусот и да спаси животи. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close