СветСвет.Портал

СЗО се корегира: Заканата од коронавирус е „висока“ на меѓународно ниво

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја ревидираше својата проценка за заканата од новата форма на коронавирусот во Кина на меѓународно ниво, оценувајќи ја дека е „висока“ и повеќе не е „умерена“ како што беше досега соопштено.

Женева, 27 јануари 2020 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја ревидираше својата проценка за заканата од новата форма на коронавирусот во Кина на меѓународно ниво, оценувајќи ја дека е „висока“ и повеќе не е „умерена“ како што беше досега соопштено. Тој потег  е поради „грешки во формулација “.

СЗО досега нагласуваше дека ризикот од вирус е „многу висок во Кина, висок на регионално ниво и умерен на меѓународно ниво“.

„Тоа е грешка во формулацијата и ние ја исправивме“, изјави портпаролот на СЗО.

Минатата недела СЗО одлучи да не прогласи глобална вонредна здравствена состојба, наведувајќи дека Кина презела многу силни мерки, вклучително и изолација на големите градови,со цел стопирање на ширењето вирусот. зш/

Back to top button
Close
Close