НекатегоризираноСветСвет.Портал

СЗО: Нема докази дека БЦГ вакцината штити од новиот коронавирус

Светска здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека нема докази дека БЦГ вакцината ги штити луѓето од инфекција со новиот коронавирус

Женева, 13 април 2020 (МИА) – Светска здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека нема докази дека БЦГ вакцината ги штити луѓето од инфекција со новиот коронавирус.

СЗО наведе и дека во тек се две клинички испитувања за БЦГ вакцината. Во недостиг на докази, СЗО не препорачува БЦГ вакцинација како превенција од Ковид-19.

Но, СЗО и понатаму препорачува неонатална БЦГ вакцинација во земјите или опкружувањата со голема инциденција на туберколоза. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close