СветСвет.Портал

СЗО: Недостасува заштитна опрема за борба против епидемијата

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди денеска дека светот се соочува со недостиг на заштитна медицинска опрема, мантили, маски и ракавици.

Женева, 7 февруари 2020 (МИА) – Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди денеска дека светот се соочува со недостиг на заштитна медицинска опрема, мантили, маски и ракавици.

– До шест часот утрово по средноевропско време, регистрирани се 31.211 потврдени случаи на заболени од коронавирус во Кина и 637 починати, изјави Гебрејесус.

Тој потврди дека во последните два дена во Кина има помалку инфицирани, оценувајќи дека тоа е добра вест. Сепак директорот на СЗО предупреди дека тие бројки не се доверлив показател и постои можност за нова ескалација. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close