Svet.SlajderСветСвет.Портал

СЗО: Коронавирусот ќе се прошири и во други делови од Кина и во други држави

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека новиот коронавирус во следниот период најверојатно ќе се прошири и во другите делови од Кина и можеби и во други земји.

Женева, 21 јануари 2020 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека новиот коронавирус во следниот период најверојатно ќе се прошири и во другите делови од Кина и можеби и во други земји.

– Во следните денови треба да се очекуваат повеќе случаи во другите делови од Кина и најверојатно и во другите земји, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

Британските медиуми пренесуваат дека досега во Кина вирусот главно беше концентриран во градот Вухан, иако постојат и изолирани случаи во Шангај и Пекинг. сд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close