0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

СЗО ги отфрли обвинувањата на Помпео дека Кина го „купила“ директорот Тедрос

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги демантираше американските обвинувања дека нејзиниот извршен директор, Тедрос Адханом Гебреијсус, е „купен“ од кинеската Влада, јави ДПА.

Лондон, 22 јули 2020 (МИА) –  Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги демантираше американските обвинувања дека нејзиниот извршен директор, Тедрос Адханом Гебреијсус, е „купен“ од кинеската Влада, јави ДПА.

Според извештаите на медиумите, американскиот државен секретар, Мајк Помпео, вчера го обвини првиот човек на СЗО, Етиопиецот Тедрос, на средба со британските парламентарци.

„СЗО не стравува од таквата изјава, но  остро ги отфрламе сите напади и неосновани обвиненија“, се наведува во соопштението на агенцијата на ОН.

„СЗО ги повикува државите да останат фокусирани на справувањето со пандемијата што предизвикува трагично губење на животите и страдања“, се додава од организацијата.

Помпео на затворениот состанок со поканети британски пратеници вчера изјави дека неговото тврдење се темели на „цврсти сознанија на разузнавањето“, но тој не даде детали, пренесоа „Тајмс“ и другите британски медиуми. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close