СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

СЗО ќе го проучи кинеското истражување за новиот свински грип

Светската здравствена организација (СЗО) внимателно ќе го проучи кинеското истражување за новиот свински грип, изјави нејзиниот портпарол, додавајќи дека наодите укажуваат на важноста од набљудување на вирусот за време на пандемијата на Ковид-19, пренесоа британските медиуми .

Женева, 30 јуни 2020 (МИА)  – Светската здравствена организација (СЗО) внимателно ќе го проучи кинеското истражување за новиот свински грип, изјави нејзиниот портпарол, додавајќи дека наодите укажуваат на важноста од набљудување на вирусот за време на пандемијата на Ковид-19, пренесоа британските медиуми .

„Новиот вирус, откриен кај свињите во Кина, станува се позаразен за луѓето, а ситуацијата во овој случај мора внимателно да се следи во случај вирусот да стане потенцијална пандемија“, се наведува во истражувањето.

СЗО соопшти дека внимателно ќе ја проучи студијата и дека ќе остане будна во врска со ситуацијата со грипот и дека соработката и размената на информации во овој поглед е од огромно значење. сд/

 

Back to top button
Close
Close