Svet.SlajderСветСвет.Портал

СЗО: Бројот на случаи на ковид-19 во Африка надмина 293.000

Во земјите од Африка досега се потврдени 293.721 случаи на коронавирус, а бројот на смртни случаи од заболувања поврзани со Ковид-19 е 7.778, објави денеска регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка.

Преторија, 21 јуни 2020 (МИА) – Во земјите од Африка досега се потврдени 293.721 случаи на коронавирус, а бројот на смртни случаи од заболувања поврзани со Ковид-19 е 7.778, објави денеска регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 208 смртни случаи како резултат на Ковид-19, а досега закрепнале вкупно 141 илјади пациенти.

Најголем број случаи во Африка има во Јужноафриканската Република – 92.681, а бројот на смртни случаи во земјата изнесува 1.877, додека најголем број смртни случаи во Африка има Египет – 2.017, а во Алжир починале 837 луѓе. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close