Дописници МКДОпштински вести

СВР Велес подготвен за претстојниот продолжен празничен викенд

СВР Велес на денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување  најави дека  има изготвено оперативен план за дејствување на време на викендот и за муслиманскиот верски  празникот Рамазан Бајрам, а  за што тие веќе  извршиле разговори со оџите во Велес и велешко,информира на денешниот прес градоначалникот Аце Коцевски.

Велес, 22 мај 2020 (МИА) – СВР Велес на денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување  најави дека  има изготвено оперативен план за дејствување на време на викендот и за муслиманскиот верски  празникот Рамазан Бајрам, а  за што тие веќе  извршиле разговори со оџите во Велес и велешко,информира на денешниот прес градоначалникот Аце Коцевски.

Тој информира дека меѓу вработените во СВР Велес нема заразени од Ковид-19 ,а  има едно лице заболено кое живее на територија на Општина Велес,а е по потекло од Општина Градско, но  е од Единицата за брзо распоредување,а не  вработен во СВР Велес.

Инаку во Велес во изминатите 24 часа нема регистрирано нов случај на Ковид-19,  а има тројца излекувани пациенти,.Активни се 49 лица,од кои на домашно лекување се 29 пациенти ,а на Инфективното одделение при велешката Општа болница 16 пациенти, а осум велешани  се на лекување на Инфективната клиника во Скопје.

Коцевски информира дека  во наредните денови  пациенти од Велес овие пациенти   кои се на Инфективната Клиника во Скопје, а  кои имаат два негативни резултати треба да бидат испишани како оздравени.

Коцевски апелира до граѓаните дека иако во изминатото деноноќие нема новорегистриран со Ковид-19 во Велес сепак советува  граѓаните да не премногу се опуштаа и да ги почитуваат препораките од Владата и здравствените работници да носат заштитни маски и останатите превентивни мерки.

Тој апелира до граѓаните  да држат растојание од два метри и да не се групираат во парковите и другите рекреативни центри и да избегнуваат семејни прослави и групирања,  а за да го спречат  ширењето на Ковид-19 во Велес,со цел  за да го  зачуваат сопственото и здравјето на останатите граѓани. ад/ир

Back to top button
Close
Close