Дописници МКДХроникаХроника.Портал

СВР Велес казни 62 возачи за брзо возење

Вкупно 62 прекршоци регистрираше вчера СВР Велес од 11 до 17 часот, при спроведената акциска контрола на подрачјето на Велес, Кавадарци и Неготино.

Велес, 22 февруари 2021 (МИА) – Вкупно 62 прекршоци регистрираше вчера СВР Велес од 11 до 17 часот, при спроведената акциска контрола на подрачјето на Велес, Кавадарци и Неготино.

Од регистрираните прекршоци, 12 се во Велес, 17 во Кавадарци и 33 во Неготино, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Како што најави Додевски, за прекршителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.ад/бт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close