Дописници МКДОпштински вести

СВР Тетово: За пукање на свадба казна од 200 до 500 евра, зависно од последиците можна е и затворска казна

Од втората половина на овој месец на поширокото полошко подрачје во полн ек е организирањето свадбени и други свечености. Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со оружје.  

Тетово, 21 јули 2021 (МИА) –  Од втората половина на овој месец на поширокото полошко подрачје во полн ек е организирањето свадбени и други свечености. Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со оружје.

-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно потсетува дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), велат од СВР Тетово.

Апелот на полицијата се однесува и за воздржување од неовластено организирање огномети.

-На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а  организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки за заштита на животот и имотот на присутните на свеченоста, додаваат од тетовската полиција.

Од СВР Тетово потенцираат дека ефикасно ќе постапуваат и ќе ги санкционираат сите прекршувања на законската регулатива, а против инволвираните ќе следуваат законски предвидените поднесоци. ас/рп/

 

Back to top button
Close
Close