0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

СВР Тетово со пријава и потерница за осомничен за девет кражби и обиди

Тетовската полиција информира дека до Обвинителството е поднесена кривична пријава за жител на скопско Батинци кој се сомничи како сторител на девет тешки и ободи за тешки кражби. Воедно, по осомничениот А.А. (56) e распишана потерница за негово пронаоѓање.

Тетово, 27 април 2020 (МИА) – Тетовската полиција информира дека до Обвинителството е поднесена кривична пријава за жител на скопско Батинци кој се сомничи како сторител на девет тешки и ободи за тешки кражби. Воедно, по осомничениот А.А. (56) e распишана потерница за негово пронаоѓање.

-А.А. се сомничи дека извршил  кражби во станови во Тетово, во кои насилно ги провалувал влезните врати и најчесто одземал златен накит, мобилни телефони, парични средства и други технички производи, информира СВР Тетово.

Осомничениот се товари дека кражбите ги направил во периодот од октомври 2015 до декември 2018. ас/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close