Дописници МКДОпштински вести

СВР Тетово со летна кампања за поголема свесност за безбедноста на возачите

Секторот за внатрешни работи Тетово неделава ја почна сообраќајната воспитно-едукативна кампања за подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите.

Тетово, 18 август 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Тетово неделава ја почна сообраќајната воспитно-едукативна кампања за подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите.

Оваа т.н. летна кампања се спроведува во соработка со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

-Целта е подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите, дотолку повеќе што во летниот период значително е зголемена вкупната фреквенција и на патиштата во Полошкиот регион. На возачите од ова подрачје ќе им се делат флаери со пораки и совети за задолжително користење сугурносни појаси во возилата, во функција на поголема безбедност на возачите и сопатниците. Флаерите содржат, исто така, и појаснувања – кога и за што да се употребуваат ваквите појаси, но во нив се потсетува и на законските санкции за неисполнување на оваа законска обврска, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во рамки на кампањата ќе бидат дистрибуирани околу 3.000 флаери, испечатени на македонски и на албански јазик. ас/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close