Дописници МКДОпштински вести

СВР Тетово: Мотоциклистите да носат заштитни шлемови, за нецели два месеца изречени 95 мерки

Тетовската полиција апелира мотоциклистите да ги почитуваат законските обврски и да носат заштитна опрема, пред се кациги. За речиси два месеца, како што информира СВР, се изречени 95 мерки.

Тетово, 22 јуни 2020 (МИА) – Тетовската полиција апелира мотоциклистите да ги почитуваат законските обврски и да носат заштитна опрема, пред се кациги. За речиси два месеца, како што информира СВР, се изречени 95 мерки.

– Со затоплувањето на времето и на тетовско-гостиварското подрачје се чувствува зголемено присуство на мотоциклисти, особено во доцните попладневни и вечерните часови. Затоа СВР Тетово ги засили контролите и изрече вкупно 95 мерки минатиот и овој месец. Најмногу од мерките се за некористење заштитна опрема, со напомена дека паричната глоба за овој вид прекршок изнесува 50 евра во денарска противвредност, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

СВР Тетово апелира до мотоциклистите и задолжително да поседуваат возачки дозволи, како и навреме да ги регистрираат мотоциклите.

-На мотоциклистите им се советува, исто така, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да не се движат еден до друг, туку еден позади друг. Покрај ова, не смее да има превезување на мотоциклите на повеќе лица од законски дозволеното и без потребната опрема, потенцира Јосифоски. ас/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close