Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

СВР Тетово: Кривични пријави за влегување на фудбалски терен и прекршување на ковид мерките 

Секторот за внатрешни работи Тетово ќе поднесе кривични пријави против навивачите кои денеска влегоа на теренот на стадионот во Тетово додека беше во тек натпреварот ФК Шкендија- ФК Шкупи и со тоа ги прекршија мерките кои се пропишани за спречување на ширење на Ковид 19 , соопштија од тетовската полиција.

Тетово, 16 мај 2021 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Тетово ќе поднесе кривични пријави против навивачите кои денеска влегоа на теренот на стадионот во Тетово додека беше во тек натпреварот ФК Шкендија- ФК Шкупи и со тоа ги прекршија мерките кои се пропишани за спречување на ширење на Ковид 19 , соопштија од тетовската полиција.
– Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. ас/дма/

Back to top button
Close
Close