Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

СВР Тетово: Еден прекршител на полицискиот час, примерни во изолација 272 лица

Само еден тетовец е приведен во текот на изминатите 24 часа, од 7 часот на 24 април до истиот термин утринава, информираат од СВР Тетово.

Тетово, 25 април 2020 (МИА) – Само еден тетовец е приведен во текот на изминатите 24 часа, од 7 часот на 24 април до истиот термин утринава, информираат од СВР Тетово.

-Како сите досегашни, ќе добие пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полициските службеници во 24 часовниот период контролирале, но не утврдиле пропусти и кај 141 лице кое има решение за изолација од Државен здравствен и санитарен инспекторат, како и 131 лице кои се обврзале на самоизолација. ас/мд/

Back to top button
Close
Close