0_Македонија.ПорталДописници МКДХроникаХроника.Портал

СВР Куманово уапси мигрант кој со неколкумина нападнал друга група мигранти

Мигранти нападнале друга група мигранти, а едниот од од нив е уапсен во липковско Лојане, соопшти денеска СВР Куманово. Според полицијата, една група физички нападнала 34 мигранти од три различни држави, ги држеле во заложништво при што им одзеле пари и накит.

Куманово, 19 јули 2021 (МИА) – Мигранти нападнале друга група мигранти, а едниот од од нив е уапсен во липковско Лојане, соопшти денеска СВР Куманово. Според полицијата, една група физички нападнала 34 мигранти од три различни држави, ги држеле во заложништво при што им одзеле пари и накит.

– Вчера во 13:00 часот на местото „Под камен“ во село Лојане, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода В.А.(21) од Пакистан, поради постоење основано сомнение дека со уште неколку мигранти, со употреба на тврди предмети, физички нападнале 34 мигранти од Пакистан, Гамбија и Индија, кои ги држеле во заложништво, при што им одзеле пари и накит, соопшти СВР Куманово.

Кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот. ам/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close