Дописници МКДОпштински вести

СВР Куманово апелира граѓаните да не палат отпадоци, меѓи, стрништа

По многубројните пожари на подрачјето на Куманово, Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните, особено земјоделците, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите.

Куманово, 5 август 2021 (МИА) – По многубројните пожари на подрачјето на Куманово, Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните, особено земјоделците, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите.

-Да се воздржат од палење огнови, кои можат брзо да пламнат и да се прошират односно да нанесат огромна штета. Секој што на било каков начин ќе предизвика пожар, ќе се соочи со ригорозни казни, а предвидени се и затворски казни, соопшти СВР Куманово. ам/хс/

Back to top button
Close
Close