Дописници МКДОпштествоОпштински вести

СВР-Битола со засилени контроли на шумските излетнички места

Секторот за внатрешни работи Битола презема координирани превентивни и други мерки, за навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.

Битола, 4 август 2021 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Битола презема координирани превентивни и други мерки, за навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.

Од СВР-Битола апелираат граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња.

Со настапувањето на значително повисоките температури, покрај другото се зголемуваат потенцијалните опасности за настанување пожари и во Пелагонискиот регион. Ова, дотолку повеќе што на подрачјето има бујна вегетација, зголемена е вкупната раздвиженост и поради тоа неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец. Покрај ова, на оние кои за време на викендите ќе престојуваат на излетничките, односно туристичките места во регионот, им се укажува да се воздржат од  палење огнови, кои многу брзо можат да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и  материјални и други последици од несакани размери, посочуваат од битолската полиција.

На граѓаните им се советува на отворен простор да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

СВР Битола потсетува дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици. мт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close