0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Sвездата на Хјустон Рокетс позитивна за коронавирус

Дефанзивецот на Хјустон, Расел Вестбрук изјави дека е позитивен за коронавирусот и е во самоизолација, напиша Шамс Шаранија, новинар на Атлетик, на Твитер

Орландо, 13 јули 2020 (МИА) – Расел Вестбрук и Џејмс Харден, ѕвездите на Хјустон, оваа недела требаше да им се придружат на своите соиграчи во „Дизни Светот“, но, барем што се однесува до Вестбрук, тоа нема да се случи.

– Дефанзивецот на Хјустон, Расел Вестбрук изјави дека е позитивен за коронавирусот и е во самоизолација, напиша Шамс Шаранија, новинар на Атлетик, на Твитер.

Потоа се обрати и Вестбрук.

– Во моментов се чувствувам добро, јас сум во карантин и со нетрпение очекувам да се вратам на соиграчите кога ќе ми биде одобрено. Ви благодарам за сите ваши желби и постојана поддршка. Ве молам, сфатете го сериозно овој вирус. Внимавајте и носете маски, вели поранешниот играч на Њу Орлеанс.

Таг
Back to top button
Close
Close