0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Светскиот шампионат во пливање одложен за 2022 година

Меѓународната федерација за пливање (ФИНА) го одложи Светското првенство во пливање од 2021 година за мај 2022 година во Фукуока. Новите датуми за настанот се од 13 до 29 мај, по две години. Идејата е да не се совпадне со Олимписките игри во Токио, кои беа преместени во 2021 година поради пандемијата на коронавирус.

Токио, 4 мај 2020 (МИА) – Меѓународната федерација за пливање (ФИНА) го одложи  Светското првенство во пливање од 2021 година за мај 2022 година во Фукуока. Новите датуми за настанот се од 13 до 29 мај, по две години. Идејата е да не се совпадне со Олимписките игри во Токио, кои беа преместени во 2021 година поради пандемијата на коронавирус.

Градоначалникот на градот домаќин, Сочичиро Такашима, рече дека промената на датумите и годината во никој случај нема да влијае на бројот на дисциплини и учесници на Светскиот куп.

– Фукуока ќе ги обезбеди сите најдобри услови за големо првенство во пливање, рече тој.
Се разбира, постојаната пандемија нè прави сите внимателни. Ние ја продолжуваме нашата работа и организација и ќе бидеме на високо ниво во 2022 година.

– Не се сомневаме дека ова е вистинската одлука. Пред да ја донесеме, се консултиравме со индивидуалните федерации, како и со спонзорите. Ние сме должни да ги обезбедиме најдобрите можни услови, изјави претседателот на ФИНА, Џулио Малионе. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close