0_Спорт.ПорталОстанато

Светски куп во скијање: Спустот во Банско за Италијанката Куртони

Италијанската скијачка Елена Куртони триумфира на спуст трката што се возеше во Банско, Бугарија, во рамки на Светскиот куп во алпско скијање. До првиот триумф во кариерата, таа стигна со време од 1:29,31 минути.

Банско, 25 јануари 2020 (МИА) – Италијанската скијачка Елена Куртони триумфира на спуст трката што се возеше во Банско, Бугарија, во рамки на Светскиот куп во алпско скијање. До првиот триумф во кариерата, таа стигна со време од 1:29,31 минути.

Заедно со неа на победничкиот пиедестал се искачија и сонародничките Марта Басино и Федерика Брињоне кои имаа втор, односно, трет резултат во бугарскиот зимски центар.
Пласман на четвртото место оствари Американката Михаела Шифрин која, и покрај тоа, останува лидер во генералниот пласман во Светскиот куп со 1.125 бода. Втора е Брињоне со 855 бода, а трета е Петра Влхова од Чешка со 790. сѓд/ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close