Svet.SlajderСветСвет.Портал

Светот со засилен одговор на новиот смртоносен коронавирус

Државите во Азија, но и во другите делови од светот, почнаа проверки на телесна температура на патниците на аеродромите, железничките станици и автопатиштата во обид да се пронајдат евентуално заболени од новиот коронавирус и да се спречи негово понатамошно ширење.

Пекинг, 21 јануари 2020 (МИА) – Државите во Азија, но и во другите делови од светот, почнаа проверки на телесна температура на патниците на аеродромите, железничките станици и автопатиштата во обид да се пронајдат евентуално заболени од новиот коронавирус и да се спречи негово понатамошно ширење. Во светот досега починаа најмалку шест лица, заболени од овој вирус.

Се верува дека коронавирусот се прошири од Вухан во централна Кина, и од него досега се разболеа над 200 лица во таа земја.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека новиот коронавирус во следниот период најверојатно ќе се прошири и во другите делови од Кина и можеби и во други земји. Неодамнешната потврда дека болеста може да се пренесува од човек на човек ги зголему стравувањата од ширењето на болеста, со оглед на тоа дека милиони Кинези патуваат за Лунарната Нова година. Мерките се дел од напорите кои имаат за цел да се спречи повторување на епидемијата на САРС од 2002 и 2003 година, кој исто така беше коронавирус започнат во Кина, при што починаа речиси 800 луѓе, беше парализиран транспортот и кој многу наштети на азиската економија.

Вирусот се прошири и на Тајланд, Тајван, Јужна Кореја и Јапонија, но повеќето земји го зајакнаа надзорот на лицата кои пристигнуваат од Кина. Најмалку три аеродроми во САД почнаа да ги прегледуваат патниците пристигнати од тоа подрачје.

Освен зајакнат надзор, наредба има и за дополнителни мерки, како чистење и дезинфекција на авиони и возови од Вухан, како и железнички станици и аеродроми.

При избивањето на епидемијата на САРС имаше голем број критики на адреса на Кина, бидејќи на почетокот властите ги криеја информациите и ја блокираа работата на СЗО. Овојпат, претседателот на Кина Си Џинпинг им нареди на партиските одбори, влади и релевантни одделенија на сите нивоа на прво место да го стават животот и здравјето на луѓето. 

Најчест симптом на оваа вирусна болест е висока телесна температура, но пациентите можат да покажат и други симптоми, како кашлање, грлоболка и проблеми со дишење. Во потешки случаи, инфекција со коронавирус може да предизвика воспаление на белите дробови, тежок акутен респираторен синдром, затајување на бубрезите и смрт. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close
Close