Дописници МКДОпштински вести

Светиот крст во Струмица во рацете на Трајче Серафимовски, а во Радовиш кај Стојанче Вучковски

Светиот крст, кој денеска по повод големиот христијански празник Богојавлјение - Водици беше фрлен во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица, прв го пронајде дваесет и шестгодишниот Трајче Серафимовски од Струмица.

Струмица/Радовиш, 19 јануари 2020 година (МИА) – Светиот крст, кој денеска по повод големиот христијански празник Богојавлјение – Водици беше фрлен во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица, прв го пронајде дваесет и шестгодишниот Трајче Серафимовски од Струмица.

Нему ова му е прво учество во фаќањето на Светиот крст.

– Тешко беше, но среќен сум што во моето прво учество успеав да го фатам Светиот крст и се надевам дека ќе ми донесе здравје и среќа, рече Серафимовски.

На чинот на фрлањето на крстот во Струмица присуствуваа голем број граѓани, а на најсреќниот меѓу најхрабрите му беа врачени подароци од градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски и останатите спонзори на настанот.

Во Радовиш крстот беше фрлен во базенот во комплексот „Д-клуб“, а најсреќен беше Стојанче Вучковски. рт/сп/

Back to top button
Close
Close