Дописници МКДОпштински вести

Светиот крст во Гевгелија го фати Љупчо Трајков

Најсреќен меѓу дваесетината млади момчиња кои во осветената вода на реката Вардар се пуштија по чесниот крст на денешниот Богојавленски собор во Гевгелија беше триесетгодишниот гевгеличанец Љупчо Трајков.

Гевгелија, 19 јануари 2020 (МИА) – Најсреќен меѓу дваесетината млади момчиња кои во осветената вода на реката Вардар се пуштија по чесниот крст на денешниот Богојавленски собор во Гевгелија беше триесетгодишниот гевгеличанец Љупчо Трајков.

Во присуство на две до три илјади граѓани и гости од странство, Љупчо успеа прв да се дофати до чесниот крст.

– Многу сум среќен што и годинава, како и лани, повторно ми се посреќи да го фатам чесниот крст. Мојата голема радост и вербата во бога, со светиот крст ќе ги пренесам во сите христијански домови во Гевгелија, рече Трајков.

Градоначалникот Сашо Поцков на фаќачот на чесниот крст му подари лаптоп и му посака многу здравје и среќа во животот, а фармацевтската куќа Зегин на гевгелискиот славодобитник му подари телевизор.

Од свештените лица Љупчо Трајков доби благослов да ги посети сите христијански домови со светиот крст и поздравот „Бог се јави“. им/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close